ВИДЕО: Последното интервју на Влада Дивљан

Влада Дивлјан почина вчера во Виена по долго и тешко боледување.

Влада Дивлјан ја дочека Тања Петернек во Виена, во Порцеланската улица, каде некогаш живеел Јован Јовановиќ Змај. Во станот којшто е лоциран над театарот тој се присети на својата прва средба со престолнината на Австрија која го фасцинирала. Тоа воедно е и последното интервју со овој великан на југословенската и српската музика.

Кон крајот на седумдесетите години Дивлјан беше член на групите Мерлин и Звук Улице, а од 1980 до 1984 беше предводник на составот Идоли.