(ВИДЕО) Постигнат договор за иранската нуклеарна програма, укинати санкциите кон Иран

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека е постигнат историски договор во врска со иранскиот нуклеарен договор. Тој рече дека договорот не е заснован на доверба, туку на „потврда без преседан“. Тој ова го нарече „засега најдобрата зделка“.

 Говорејќи во Белата куќа, Обама го нарече овој договор „добар за безбедноста на САД“ и на остатокот од светот.

„Санкциите сами по себе не можеа да ја запрат иранската нуклеарна програма, но тие помогнаа Иран да се донесе на преговарачката маса“, рече Обама.

Американскиот претседател рече дека договорот е многу подобра опција од нова војна на Блискиот Исток. Сепак, тој истакна дека односите меѓу Вашингтон и Техеран се напнати.

Тој го предупредил Конгресот дека ако не се спроведе договорот, САД ќе бидат обвинети за „уривање на дипломатијата“.

Според најавите од Могерини и иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, договорот предвидува во Иран да функционира само еден објект за збогатување ураниум. Објектот Натанц ќе биде редуциран на 5.000 центрифуги.

Утврдениот објект во Фордо ќе биде претворен во истражувачки центар за нуклеарна физика и технологија, додека реакторот во Арак ќе биде редизајниран како истражувачки реактор на тешка вода и нема да произведува плутониум на ниво на оружје. Потрошеното гориво од реакторот ќе се извезува.

Сите финансиски санкции ќе бидат укинати веднаш, додека САД и ЕУ ветија дека ќе ги укинат и другите санкции што ги имаат наметнато штом ИАЕА ќе потврди дека Иран го почитува договорот. Претходно Вашингтон изјави дека санкциите ќе биде укинати откако Иран „повеќе години“ ќе го почитува договорот.