Балкан

ВИДЕО: Потресни глетки од Обреновац под вода

ВИДЕО:   Потресни глетки од Обреновац под вода

Цел Обреновац е под вода, јавуваат српските медиуми. Реката Колубара само што не го поплавила мостот помеѓу хотелот и стадионот, а стигнало и предупредување дека постои опасност да се сруши Колубарскиот мост на влезот во Обеновац, што го поврзува Обреновац со Белград. Сите лица од хотелот се евакуирани. Евакуирани се и неколку стотици азиланти. Автобусите ги превезуваат луѓето кон Белград, а во нив има многу деца и постари лица. На влезот во Оберновац полицијата повеќе не дозволува влез во градот.

Со оглед на тоа дека поради надојденоста на водата во критична состојба се два моста, граѓаните вечерва ќе бидат вон тоа подрачје.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ со чамец пристигнал на загрозените подрачја. На жителите на Обреновац им помагаат и руски специјалисти.

Пилоти на хеликоптерската единица на српското министерство за внатрешни работи , денеска евакуирале бебе старо 15 дена.

Премиерот Вучиќ изјавил дека Обреновац мора целосно да се евакуира. На лице место во Обреновац се припадници на противпожарната единица и припадници на полицијата, војската на Србија, како и тим од руски спасувачи.

„ Во Обреновац ситуацијата е катаклизмична и комплетната состојба предизвикана од поплавите е многу полоша отколку што се мислеше на почетокот“, изјавил денеска Вучиќ на седницата на Штабот за вонредни состојби. Тој додал и дека во Обреновац има жртви.

„Имаме жртви во Обреновац за кои нема да зборуваме додека не добиеме прецизни информации. Молам граѓаните да сфатат колку е тешка состојбата, што не можат да ја прикажат ниту снимките, бидејќи не дозволивме да се слика“, кажал Вучиќ.

 

 

470531_poplave-reutersmarko-djuricaobrenovac-4_ig

 

470532_poplave-reutersmarko-djuricaobrenovac-5_ig

 

 

 

470535_poplave-reutersmarko-djuricaobrenovac-8_ig

 

470538_poplave-reutersmarko-djuricaobrenovac-11_ig

 

470539_20140516reutersmarko-djuricaobrenovacdi006494003_ig