петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 64

ВИДЕО: Повторно тепачка во Парламентот на Украина

Во украинскиот Парламент денеска повторно дојде до физичка пресметка меѓу пратениците во која учествуваа заменик-претседателот на Опозицискиот блок Јуриј Бојко и лидерот на Радикалната партија Олег Љашко.

тепачка

Поврзани вести

Тепачката почна кога Љашко го обвини Бојков дека е „агент на Кремљ“ и оти „патува за Москва за добие наредби од Владата“.

– Инструкциите треба да ги добиваш од сопствениот народ, Украинците. Би сакал да ја прашам безбедносната служба зошто ја посетуваш Москва, а не си во затвор, изјави Љашко.

Бојко на тоа возврати со тупаница. Другите политичари се обидоа да ги разделат и за 30 секунди се се врати во нормала.

Не е првпат Љашко да учествува во физичка пресметка во украинскиот Парламент. Тепачките во Парламентот на Украина не се реткост.

Најчитани вести