ВИДЕО: Повторно тепачка во парламентот во Турција

Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ја обвини Прокурдската демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија.

Турските пратеници повторно разменија тупаници. Хаосот се случил за време на комисиската расправа за измени во Уставот, со кои се овозможува почнување судски процеси против неколку пратеници од Прокурдската партија по обвинение за тероризам.

Предлогот за измени дојде откако претседателот Реџеп Таип Ердоган ја обвини Прокурдската демократска партија на народите за поддршка на Курдската работничка партија.