(ВИДЕО) Пожар на имотот на Клинтонови

Пожарникарите во средата го изгаснале пожарот во зградата на тајната служба на имотот на кој живеат поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната претседателска кандидатка на Демократската партија, Хилари Клинтон, во Чапаква, во сојузната држава Њујорк.

Во пожарот немало повредени, изјави наредникот Артур Мендоза од полицијата на округот Њу Касл.

Ник Мерил, портпаролот на Хилари Клинтон, напиша на Twitter дека зградата на Тајната служба во којшто избувнал пожарот не е поврзана со домот на Клинтонови. Семејството не било во куќата, додава.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Клинтонови ја купија куќата со пет спални собу од 486 квадратни метри за 1,7 милиони долари во 1999 година, пишува локалниот весник Journal News. Чапаква се наоѓа на околу 64 километри северно од градот Њујорк.