Видео: Пожар на Сицилија, се запали рафинерија

Стотици семејства кои живеат во подрачјето околу рафинеријата Milazzo на Сицилија се одлучија да ги напуштат своите домови, иако властите тврдат дека ситуацијата ја држат под контрола.

Огромен пожар избувна околу еден час после полноќ во италијанската рафинерија Milazzo на Сицилија. Моменталните информации велат дека пожарот зафатил резервоар со капацитет од 5.000 литри (22,700 галони) кој бил во сопственост на Eni и Kuwait Petroleum Italy, но во експлозијата која му претходела на пожарот за среќа нема повредени. Гаснењето се очекува да трае со часови.

Според првичните информации, пожарот е видлив на неколку километра оддалеченост.
Стотици семејства кои живеат на тоа подрачје се одлучија да ги напуштат своите домови, иако властите тврдат дека целата ситуација засега е под контрола и сугерирале дека нема потреба од такво нешто. Во подготовка немало никаков план за евакуација.

Причините за експлозијата и пожарот во рафинеријата се’ уште не се утврдени. Гаснењето можеби ќе трае се’ додека целото гориво едноставно не изгори.

Последната голема несреќа во рафинеријата Milazzo се случила на 4-ти јуни 1993-тата година кога во експлозијата во внатрешноста во постројката Toping 4 загинаа седум лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.