Свет

ВИДЕО: Пожар во Бостон, загинаа два пожарникари, 17 повредени

ВИДЕО: Пожар во Бостон, загинаа два пожарникари, 17 повредени

Двајца пожарникари загинаа, а 17 повредени во обид да се локализира огнена стихија која зафати четирикатница во Бостон. Во пожарот, кој бил оценет со максимално ниво на тежина,  со повреди се здобиле 17 лица, од кои 13 се пожарникaри, а другите полицајци.

Пламените се ширеле брзо поради ветерот, отеженувајќи го гаснењето во кое учествувале дури 150 пожарникари и над 20 противпожарни возила.

Во спасувачката мисија се спасени повеќе станари кои биле заробени на погорните катови. Никој од станарите не е повреден.

Од бостонскаtа полиција велат дека причината за пожарот се’ уште не е позната.