ВИДЕО: Пратеници со грб се свртеле за време на интонирањето на химната на ЕУ

На првата сесија на Европскиот парламент во Стразбур чешкиот европратеник Петр Мах го свртел грбот кон оркестарот, кој ја изведувал неофицијалната европска химна.

Повеќето европратеници исправени оддваат почит за време на изведувањето на европската химна, а Мах заедно со членовите на партијата УКИП, која се залага за излегување на Велика Британија од ЕУ се свртени со грб кон изведувачите. Британските конзервативци пак, седат на своите столчиња.

– Со тоа го изразивме нашето несогласување, кон раководството на ЕУ, кое не се грижи за тоа дека гласачите нешто на референдум отфрлиле како квази државни симболи. Сакавме да се изјасниме дека ние чувствуваме дека на таа песна не треба да и оддаваме почит, изјавил евроскептикот Мах.

Евроскептичните пратеници ја демонстрираа нивната непослушност по заседанието на кое за претседател на Европскиот парламент беше избран германскиот социјалдемократ Мартин Шулц.

Бетовеновата деветта симфонија „Ода на радоста” иако со децении се изведува како европска химна сепак официјално не е службен симбол на Унијата.