ВИДЕО: Пред очи им експлодираше метеор!

Вистинска паника се создаде меѓу граѓаните во северниот дел на Онтарио во Канада, кога пред нивни очи експлодирал метеор.

Според очевидците прво се чула силна експлозија, а потоа на кратко ги заслепила светлина слична на сончевата.

Експлозијата била толку силна што луѓето помислиле дека кучите кои се наоѓаат во близина се срушени до темел!

Експлозијата на метеорот долг половина метар може да се спореди со експлозија на 20, 30 тони динамит.

Ретко се гледаат вакви есплозии среде бел ден и тоа во населени области. Вселенскиот отпад најчесто завршува во океаните.