(ВИДЕO) Премиерот Груевски на одбележувањето на 100 години од Првата светска војна

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше во белгискиот град Лиеж, каде се одбележува 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Централни гости на манифестацијата се војводата и војвотката од Кембриџ – принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот претседател Јоаким Гаук.