ВИДЕО: Премиерот на Македонија ја негира македонската историја

Премиерот на Македонија Зоран Заев, во свое интервју за бугарската БТВ телевизија ја негира македонската историја.

На прашањето на водителот дали во Македонија во учебниците пишува дали Бугарите се фашистички окупатори, Заев вели дека не пишува таква работа.

Мислам дека во минатото во некои учебници имало таква работа. Пишувало фашистичкиот бугарски окупатор но во модерната историја во Македонија пишува само за фашизмот, а не пишува за нациите како фашисти или окупатори или нешто слично.

На прашањето дали историчарите ќе ги менуваат учебниците и дали фашизмот нема повеќе да се спомнува Заев вели дека во духот на пријателството ова мора да биде некаде исправено заради тоа што постоеле различни луѓе кои добивале дозволи и ги пишуваат учебниците. Заев исто така посочува дека промените со историјата настанале уште пред да се потпише договорот со Бугарија, па така споменува дека во времето кога тој бил градоначалник во Струмица почнал да ги менува плочите каде што било напишано „бугарски фашистички окупатор“.

Во Струмица имаше една плоча на која пишуваше: Тука загина еден наш јунак од бугарски фашистички куршум. Тоа е избришано и е напишано од фашистички куршум. Уште многу години пред договорот да биде. Додека бев градоначалник на Струмица.

Интересн е и делот од интервјуто во кој Заев кажува за царот Самоил. Македонскиот премиер вели дека кога го прашале Самоил дали е Македонец или Бугарин, тој наводно рекол дека не е ниту Македонец, ниту Бугарин, туку дека тој бил син на Господ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.