ВИДЕО: Прес – конференцијата на министерот Ставрески во целост

Денес слушнавме прес -конференција на Зоран Заев во која што по којзнае кој пат ги слушнавме истите тези и истите обвинувања за македонската економија, дека се наоѓа во колапс, дека е пред банкрот државата. Тези кои што веќе девет години ги слушаме од СДСМ и опозицијата, а во случајов и од Зоран Заев. Ова го нагласи вицепремиерот во Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната вонредна прес-конференција.

Тој нагласи дека овие сценарија дека следува економски крах на државата претходно биле пласирани и од останатите лидери на опозицијата кои зборуваа за апокалипса во која што македонската економија нема да има пари за да ги исплати пензиите и субвенциите, дека буџетот ќе се сруши, дека ќе се дестабилизира економската состојба во земјата, но после сите тие напади, после сите тие обвинувања, македонската економија излегувала посилна, а на првите наредни избори граѓаните ја давале довербата за ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ја губел довербата кај народот и трпеле порази.

– И денеска гледаме дека и Зоран Заев со истите тези и со истите напади излезе на прес конференција, овој пат и подзачинето со креирани разговори кои што имаат единствена цел, да внесат некаков раздор и ситовремено да дадат впечаток дека македонската економија лошо работи, лошо се одвиваат состојбите во македонската економија и дека престои крах на македонската економија. Како и да не прикажат нас во едно светло, во коешто наводно постои раздор меѓу луѓето од економскиот тим на Владата на Република Македонија.  Притоа се разбира разговорите се селективни и ги нема позитивните разговори. Се на пресот е она што е во некоја фаза, во некој временски периоди според Заев и неговите укажувања спомнато во некаков контекст, без притоа да има доблест да се дадат и позитивни разговори и позитивни поенти, без притоа да се коментира дека некогаш премиерот и министерот за финансии исто така имале можност да разговараат и за позитивни работи: за 30-тото место на Дуинг бизнис извештајот и начинот на кој што тоа е реализирано, преку тешки реформи преку заеднички напори или за зголемувањето на пензиите, радоста што сме ја имале и заедничките ставови за зголемувањето на субвенциите за земјоделците, реализацијата на инфраструктурни проекти и многу други ставови, позиции и реформи кои што сме ги креирале, рече Ставрески.

Тој потенцира дека целокупниот настан е базиран на замена на тези и ставање во контекст на одредени креирани разговори.

Нагласи дека македонската економија е во добра состојба, напомена Ставрески, и никакво сценарио за банкрот нема да се случи. Кондицијата на буџетот е одлична, а тоа го потврди и предвременото раздолжување кон ММФ.

Според него, нормално е луѓето во Владата да имаат различни мислења, но сите тие се ставаат на маса, се разгледуваат, се разменуваат аргументи за на крај да се бира најквалитетно решение за граѓаните, согласно програмата.

– Со таков пристап, на поттикнување дебата, што сметам дека е многу здрав, се донесуваа решенија и се води економска политика, потенцира Ставрески.

Целиот процес на изнесувањето прислушкувани разговори, рече, ќе мора да има правна разрешница. Во секој случај со ова, најголема штета им се нанесува на државата и на граѓаните.

Во продолжение погледнете ја пресконференцијата на Зоран Ставрески во целост: