ВИДЕО: Претепана до смрт бидејќи влетала во кадар

Дваесет и тригодишната студентка Ким Фам е брутално претепана пред ноќен клуб во Санта Ана, Калифорнија, затоа што случајно влетала во кадар пред група луѓе кои сакале да се фотографираат.

Нејзината другарка раскажала дека Фам била пред клубот кога случајно застанала пред фотоапаратот и го попречила фотографирањето, по што следела расправија која кулминирала со претепување и смрт.

Неименувана девојка на околу 20 години е уапсена под сомнение дека жртвата ја нападнала со смртоносно оружје и и’ нанела тешки телесни повреди, а идентификувана е благодарение на аматерска видео снимка.

devojka-pretepana

Претепаната девојка веднаш по инцидентот е пренесена во болница каде докторите констатирале дека состојбата и е критична. Семејството ја држело на апарати за одржување во живот за да може се донираат органите. Тие дознале дека се пријавила за доброволен донор откако била примена во болница.

„Секогаш се трудеше да помогне на другите, не очекуваше ништо за возврат“, изјавила нејзината маќеа Лиза.

Полицијата понудила награда од 5.000 долари за било каква информација која ќе доведе до апсење на останатите омничени во врска со овој случај.

Предупредување: Видеото подолу е со вознемирувачка содржина