(Видео)Преживеала 15 месеци секојдневно силување!

Канадската новинарка Аманда Линдхут, која преживеа 15 месеци во заробеништво во Сомалија заедно со нејзин колега, австралиски фотограф, своето искуство го пренела во книга мемоари, која стана бестеслер, а го предизвика Холивуд да ја повика да сними филм за нејзината животна приказна. Ваквата иницијатива е поддржана и од еден глумец кој бил номиниран за Оскар, пишува „Нашионл Пост“.

Новинарката го шокираше светот со својата приказна, но и со изјавите во кои тврди дека им простила на насилниците и дека контактира со нив на Фејсбук.

Аманда Линдхат и австралискиот фотограф биле киднапирани од исламските фундаменталисти во август 2008 година, додека работеле на сторија за Сомалија. Во текот на заложништвото Аманда била секојдневно силувана. Во нејзината книга „Куќа на небото“ таа раскажува како успеала да ги преживее тие тешки денови насочувајќи ги мислите кон „куќата на небото“, после злоставувањата, пишува таа во својата книга. Оваа исклучителна жена во време на заробеништвото имала 33 години, и неверојатна е нјзината великодушност да најде прошка за киднаперите.

„На тој начин преживеав. Беше тешко, многу тешко….Постојано бев силувана, изјавила Аманда која додава дека за време на најтешкиот период во заробеништво, доживеала еден вид на “будење”. Абдулах ме силуваше, а додека се бранев, во еден момент доживеав нешто кое не можам да го објаснам со зборови. Се најдов во ситуација да лебдам и да набљудувам од воздух“,пишува таа.

„Беа спомените и мојата имагинација“, рекла таа кога објаснувала на што мислела и што ја одржало да преживее, пишува „Дејли Мејл“.

Lindhout Sex Abuse
Аманда во Сомалија

„Јасно е дека насилниците го правеа тоа како резултат на војната која ги менува и претвора во животни. Сепак, и тие се луѓе со болни приказни зад себе. Секако дека тоа не ги прави невини, но не треба да го заборавиме фактот дека нивните дела се резултат на културата на насилството, изјавила Аманда која била ослободена благодарение на паричниот износ кој го платиле нејзините најблиски.

Таа добила пораки на Фејсбук, неколку години по ослободувањето. Запрепастувачки е што тој ја пофалил нејзината работа во Сомалија. Таа веднаш по ослободувањето во 2009 година ја основала фондацијата „Глобал инричмент“ која собира пари за едукација на жените во Сомалија.

„Фактот дека тие знаат за мојот ангажман во Сомалија ги компензира сите маки кои ги преживеав. Сакам да знаат дека не успеаа да ме скршат“, рекла Аманда.