ВИДЕО: Принцот Хари танцуваше и гледаше фудбал со сиромашните

Веќе е познато дека британскиот принц Хари е миленик на жените и децата, а колку го сакаат се покажа и за време на официјалната посета на Чиле. Тој за време на посетата на детска градинка во Сантијаго, каде се згрижени дечиња со пречки во развојот немаше проблем веднаш да се зближи со нив.

Принцот веднаш воспоставил пријателски однос со децата и со нив танцувал.

Потоа Хари го посетил и сиромашниот кварт Валпараизо и со локалното население го проследил фудбалскиот натпревар Чиле – Бразил.