ВИДЕО: Приведени двајца нарко дилери, запленети марихуана, екстази, кокаин

Во рамки на акцијата „Мрежа“ полицијата заплени четири килограми марихуана, голм број таблети екстази, 15 пакувања прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин.
Запленетата дрога требало да заврши за улична продажба на македонскиот нарко пазар.
Дваесет и осумгодишниот Б.Б и две години постарот Б.А. од Гостивар, познати улични дилери, се собирале во руинирана куќа во селото Церово, односно во последно време со возило Опел астра со гостиварски таблички, сопственост на еден од нив, често ја посетувале куќата, иако во истата неможе да се живее преземени се оперативни активности за документирање на таквите сознанија.
Изготвен е план, при што на подрачјето на Гостивар преземени се мерки и  со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во куќата која гласи на име на таткото на Б.А.

Извршен бил претрес на објектот кој лицата го користеле како бункер за чување на наркотична дрога, при што пронајдена и одземена е наведената наркотична дрога. Одземената непозната прaшкаста тревкаста материја и таблетите се предадени во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења  во МВР заради понатамошно вештачење.

Во текот на денот ќе  биде поднесена  кривична пријава против двајцата гостиварци поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ .

Двајцата и’ се веќе познати на полицијата, а во тек се преземање на мерки и активности за целосно документирање на случајот.

Досега во рамки на операцијата „Мрежа“ во рок од една недела, приведени се  над 30 лица и против нив се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.