(Видео) Пробајте секс вреден 600 илјади евра

Ако се плашите од висина, но и им завидувате на храбрите кои пробале секс во авион, можеби љубовната подморница е вистински избор за вас.

Оние кои се склони кон авантури во сексот одамна слушнале за „Mile high“ клуб во кој со зачленувањето добивате секс во авион.Сега постои „Mile low“ за оние коио сакаат да пробаат секс во морски длабочини.

Луксузот на водење љубов на необично место почнува да има потполно ново значење со специјална понуда на хотелот подморница “Lovers deep luxury” која плови на 200 метри  длабочина. Ако имате да потрошите околу 600 илјади евра, викенд во подморница е наменет за романтични состаноци.

Едно ноќевање по лице чини около 110 илјади евра, а бидејќи е наменет за двојки, цената на крајот на целиот викенд ќе биде далеку поголема.

Оваа подморница има огромни прозорци, така што двојката може да гледа во големо сино пространство. Има и големи кралски кревети , без кои оваа романтична авантура не би била комплетна и личен батлер кој ја исполнуива секоја ваша желба.