ВИДЕО: Професор влече ученичка по под

Видео на кое се гледа како професор влече ученичка која не сака да плива на час по физичко се појави на интернет.

Ученичка од средно училиште во Стоктон, Калифорнија, не сакала да учествува во часот по пливање затоа што не сакала да си ја расипе фризурата која ја направила за вечерното излегување со пријателките.

Професорот Дени Петерсон, кој ја влечел по подот, се соочува со тужба за нанесување на физичка повреда на дете.

Додека ја влечел по подот таа викала „ми падна градникот“ и на снимката се гледа како го мести додека се обидува да се одбрани од професорот. Од инцидентот се здобила и со гребаници по телото.

– Ми се плаче додека ја гледам снимката – изјавила девојката. Бев многу вознемирена. Бев посрамотена и лута затоа што пред сите тој крена рака на мене.

Професорот по инцидентот е на платен одмор.