ВИДЕО: Пронајдено девојче кое беше исчезнато 12 години

Девојче исчезнато пред 12 години е пронајдено безбедно во Мексико, заедно со својата мајка.

Како што јавуваат американските медиуми, полициски извори потврдиле дека станува збор за Сабрина Ален, која имала четири години кога била пријавена за исчезната од страна на својот татко.

Имено, нејзината мајка ја земала со себе на одмор, бидејќи тоа имала право да го прави по разводот со сопругот. Но, таа никогаш не ја вратила својата ќерка на првостепениот старател, таткото.

По цели 12 години, грижа и неизвесност, полицијата успеа да ги лоцира и да ги пронајде.