ВИДЕО: Проруски сепаратисти зазедоа административни згради во Доњецк и Горловка

Проруски сепаратисти ги зазедоа административните згради во Доњецк и Горловка.

Според локалните медиуми во Кировскиот регион околу 200 маскирани мажи влегле во зградата на Советот, го отстраниле знамето на Украина и го поставиле знамето на Доњецка народна република.

Во градот Горловка, 40 километри северно од Доњецк проруски сепаратисти ја зазедоа зградата на градскиот совети регионалната управа на милицијата.