ВИДЕО: „Прошетка меѓу облаците“

„Џаспер“ е најголемиот национален парк во пределот на Камените планини во Канада и нуди прошетка меѓу облаците.

Ова е возможно бидејќи е отворена платформа за набљудување која буквално го одзема здивот и им овозможува на посетителите да одат стотици метри над земјата.

Платформата е изградена е од челик и стакло и е на висина од 274 метри над долината.

Инженерите се одлучиле платформата да биде искривена со цел да им овозможат на посетителите поголемо уживање од сите страни.

Оваа атракција ќе биде отворена за туристите до 19 октомври и се очекуваат над 250.000 посетители во најубавиот период од годината.