ВИДЕО: Прв лет на најголемиот авион на светот од Европа до Австралија

Најголемиот транспортен авион на светот Ан-225 денеска слета во западноавстраликсиот град Перт, со што заврши првиот лет на авион од овој тип од Европа до Австралија.

Како што објави локалниот весник „Вест Острелиан“, слетувањето на Ан-225 на аеродромот во Перт го следеле околу 50.000 вљубеници на авионската техника од цела Австралија.

Авионот, сопственост на украиснката компанија „Антонов Ерлајнс“, од Прага до Перт пренесе генератор тежок 117 тони.

Како шти јави ТАСС на релацијата долга 15.580 километри авионот слетал трипати поради долавање на гориво и тоа во Туркменистан, Индија и Малезија.