Свет

ВИДЕО: Прва јавна проба на Парадата во Москва

ВИДЕО: Прва јавна проба на Парадата во Москва

На Црвениот плоштад во Москва синоќа се одржа првата јавна проба на парадата за Денот на победата над фашизмот, која ќе се одржи на 9.мај.

Пробата траеше еден час а е организирана во сеќавање на 70 годишнината од победата во големата татковинска војна, како што ја нарекуваат Русите.

Свое деби имаа и новите руски тенкови армијата, а на пробата учествуваа и кинески војници кои предизвикаа внимание кај публиката.

Годинешната парада која е планирана се очекува да биде најголемата руска воена парада во историјата и на неа на се очекува да учествуваат 16 и пол илјади војници, околу двесте оклопни возила и 143 воени летала.