ВИДЕО: Првата емисија „Куќа на фудбалот”

За да ја приближи возбудата од фудбалските терени ширум земјава до секој љубител на македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) почнува со проектот наречен „Куќа на фудбалот”.

Македонскиот фудбал го следиме, читаме по весници, кликаме вести на портали, го разговараме, а тоа значи дека фудбалот во Македонија е актуелен и го сакаме. Суштината на емисијата ќе биде да се доближи македонскиот фудбал до публиката, да се дискутира за него, да се даде критика кога е потребно или пак, некој заслужен позитивен коментар, изјави Златко Андоновски, портпарол на ФФМ.

Емисијата ќе се реализира во скај студио во ФФМ со поглед кон терените во комплексот „Куќа на фудбалот”. Концептот на емисијата ќе биде сличен на европските интерактивни дебатни емисии за анализа на фудбалските натпревари по секое одиграно коло во македонската Прва лига и второлигашката конкуренција.

Во продолжение погледнете ја првата емисија на „Куќа на Фудбалот“ каде прв гостин беше претстедателот на Фудбалската Федерација на Македонија Илчо Ѓоргиоски.