ВИДЕО: Првата жена-борбен пилот ги води нападите врз Исламска држава

Мајор Маријам Ал Мансури (35) е првата жена пилот на борбен авион од Обединетите Арапски Емирати и ја вои борбата на својата земја против ИД во Сирија.

Таа командува ескадрила од Ф-16 авиони што вршат напади врз позициите на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Како тинејџерка Ал Мансури сонувала да биде пилот, но се приклучила во Генералниот штаб дури во 2007 година, кога женските регрути добиле дозвола да одат на обука во авијацискиот колеџ Калифа бин Зајед.

„Копнеев за тоа“, рекла Ал Мансури за весникот Нешнел на ОАЕ. „Тогаш завршив средно училиште и сакав да научам да летам, бидејќи тоа го сакав од самиот почеток.“

Во мај таа го освоила медалот Гордост на Емиратите. Се вели дека е фокусирана на „натпревар со самата себе“ да ја усоврши својата работа, наместо да се обидува да им конкурира на своите машки колеги.

Оваа авијатичарка вели дека не добива никаков специјален третман поради тоа што е жена, истакнувајќи дека „од сите се бара да имаат ист висок степен борбена способност“.

Ал Мансури е родена во Абу Даби, како едно од осумте деца во семејството, а има диплома по англиска книжевност.

Годинава Индексот за социјален напредок ги рангира Обединетите Арапски Емирати како први во светот што ги третираат жените со почит и еднаквост.