ВИДЕО: Првиот ултрамодерен воз за македонските пруги

Произведен првиот воз за Македонски железници

Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници – транспорт“ – Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ.

Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час, јави известувачот на МИА. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои, според министерот Мисајловски, треба да пристигнат до јануари следната година.

Првиот ултрамодерен воз за македонските пруги.

Posted by Vlado Misajlovski on Tuesday, July 7, 2015