(ВИДЕО) ПСЖ рутински со Каен

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен со рутинска победа од 3:0 на својот „Парк на принцовите“ го совлада Каен, со две кардинални грешки на гостинскиот голман Самба.

Стрелци за ПСЖ беа Нејмар во 10, Адриен Рабио во 35 и Тимоти Веа во 89 минута.

Претходно во неделата Олимпик Лион на домашен терен го совлада Амиен со 2:0 со головите на Вертран Траоре во 24 и Мемфис Депаје во 75 минута.

Бордо, пак, пред своите гледачи беше поразен од Стразбур, а домашните од 13 минута играа со играч помалку бидејќи стоперот Пабло доби директен црвен картон. За Стразбур стрелци беа Ибраим Сисоко во 68 и Нуњо Да Кошта во 78 минута.

 

https://www.youtube.com/watch?v=MAK0GEFN01s