ВИДЕО: Пцовки, удари, кавги, солзавец – почна „Црниот петок“ во Америка

Во Америка од утринава почна шопинг лудилото познато како „Црн петок“ каде се нудат и до 90 отсто попусти, а некаде дури и повеќе.

По традиционалната вечера за „Денот на благодарноста“ семејствата  пристигнуваа пред омилените продавници и чекаа дури и цела ноќ за да купат производи, блеа техника, гардероба, играчки, подароци за Божиќ по екстремно ниски цени.

Некои од познатите ланци на маркети беа отворени и цел ноќ, за да се избегне кампувањето пред врата и долгите редици.

На Ју тјуб веќе се поставени видео клипови на кои се гледа како Американците се тепаат и туркаат за еден производ.

Кармен Џонсон за „ Л.А. Тајмс“ вели дека однесувањето на народ за „Црн петок“ е варварско. Таа раскажала дека со ќерка и биле во маркет кога одеднаш почувствувала силна турканица, како стампедо.

„Се слуша само врескање и псуење, гледаш како картонски кутии  летаат  во воздухот, турканици“, вели Кармен  која  додава дека тие се како варвари. И кога конечно успеала да земе еден уред, почувствувала нешто како пареа, кога се свртела била испрскана со солзаваец.  Од обезбедувањето реагирале веднаш и жената која ја испрскала рекла дека прскала со солзавец за да ги заштити своите мали синови од метежот во продавницата.

И додека едни Американци се подготвени  дури и да го прекршат законот за да купат нешто по многу ниски цени, други велат дека тоа е апсолутно лудило, дека „Денот на благодарноста“ треба да се помине во кругот на семејството, а не чекајќи за евтини артикли кои, според нив, сигурно имаат некоја маана.