Видео: Пукање во канадскиот Парламент

Тотална паника завладеала во ходниците на Парламентот во Отава, Канада. Напаѓачот во препладневните часови во близа на Парламентот ранил еден војник, а потоа со трчање влегол во Парламентот.

Додека припадниците на полицијата се шетале по ходниците на Парламентот во еден момент слушнале рафали.

Настанал целосен хаос, се слушале панични звуци, а полицајците тргнале накај локацијата од каде ги слушнале истрелите.