Свет

ВИДЕО: Пукање во пицерија во Лас Вегас, застрелани двајца полицајци

ВИДЕО: Пукање во пицерија во Лас Вегас, застрелани двајца полицајци

Двајца  вооружени напаѓачи, влегле во пицерија Лас Вегас и застрелале двајца полицајци кои  јаделе во ресторанот. Потоа  ликвидирале уште еден човек  и се самоубиле.

Како што јавуваат медиумите, за време на нападот едниот стрелец  го погодил едниот полицаец во главата, а другиот напаѓач  го застрелал неговиот колега.

Според податоците на телевизискиот канал КЛАС ТВ , инцидентот се случил во локалната пицерија „CiCi’s Pizza“.
Очевидци раскажале за полицијата дека по егзекуцијата двајцата напаѓачи ги  зеле работите на полицајците, и излегувајќи од ресторанот, кажале: „Кажете на полицијата дека револуцијата започна”.

Двајцата осомничени, потоа влегле во продавница и застрелале  уште едно лице.
Потоа двајцата напаѓачи отишле во задниот дел на продавницата и се застрелале еден  со друг.