ВИДЕО: Пукотници во клуб во Флорида-најмалку две лица загинаа, десетици повредени

Најмалку две лица загинаа и десетици се повредени по пукотници во ноќен клуб во Форт Мајерс, западна Флорида.

Како што пренесува Раша Тудеј, инцидентот најверојатно се случил за време на „тинејџерска вечер“, а некои присутни во клубот биле на возраст од 13 години.

Пукотниците се случиле утрово во Клубот Блу, според поручникот Џим Мулиган од канцеларијата на локалниот шериф. Тој додаде дека околу 17 лица биле застрелани, но не потврди дали има загинати лица.

Според локалните медиуми најмалку две лица го загубиле животот, а на местото на настанот излегле поголем број полицајци.