Видео: Пулените на СДСМ против СДСМ

Александар Чомовски и Сашо Ордановски испратија низа критики кон раководството на СДСМ и делувањето на најголемата опозициска партија, при своето гостување во емисијата 24 анализа на 24 Вести.

Аналитичарите кои во јавноста важат за блиски до опозицијата сметаат дека стратегијата на СДСМ не може да се види јасно и дека партијата оди кон пропаст како грчки ПАСОК. Чомовски смета дека СДСМ се забетонира во своја партиска кал која ги меша брзините и приоритетите

-Во време кога во светот се одигруваат крупни промени, од таа таканаречена државотворна партија ние се обидуваме денеска да добиеме една популистичка варијанта. Измешани се тактичките потези на опозицијата, вели Чомовски.

Тој додава дека Заев е во неповолна ситуација, се обидува да го победи Груевски со “груевизмот“.

– Нема да го победи, затоа што сите полуги на власта, Груевски одлично ги менаџира и тука не можете да заборавите дека се уште на оваа власт и стојат финансиски ресурси, кои знае во овој момент да ги употреби за нов бран на економски развој, вели Чомовски.

Аналитичарот Сашо Ордановски, кој важи за критичар на власта и близок до најголемата опозициска партија, вели дека стратегијата на СДСМ не може да се види јасно.

-Мислам дека воведувате многу финеси во стратегијата на СДСМ. Стратегијата на СДСМ не може да се види јасно. Тоа е проблем на СДСМ. Нека си дискутираат во СДСМ, нека пропадне, ПАСОК пропадна, па ќе се јави некоја друга партија која ќе превземе. Ќе се види дали СДСМ може или не може, ќе трае тоа колку ќе трае, вели Ордановски.

Ордановски додава дека ако СДСМ се совземе тогаш добро, а доколку не се совземат, ќе се јават нови структури, политички иницијативи и партии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.