(ВИДЕО) Путин танцуваше со шефицата на австриската дипломатија на нејзината венчавка

Рускиот претедател Владимир Путин во саботата танцуваше со австриската министерка за надворешни работи на Австрија, Карин Кнејсл,на нејината венчавка којашто се одржа во лозови насади „Чеппе“ во Штаерска, со засилени безбедносни мерки.

Поканата за рускиот претседател на венчавката на министерката Карин Кнејсл и претприемачот Волфганг Мејлингер предизвика негативни реакции од австриските леви опозициски партии, кои притоа потсетуваат дека Западот ја обвинува Русија за нејзината наводна вмешаност во украинскиот судир.

Путин на венчавката пристигнал со букет цвеќе и во придружба на Козаци, кои на младенците им отпеале традиционални козачки песни. Кнејсл го поканила Путин на својата венчавка, во текот на неговата официјална посета на Виена на 5-ти јуни годинава, пишуваат австриските медиуми.

Фотографиите во медиумите ја прикажуваат 53-годишната Кнејсл во долг традиционален фустан додека танцува и истовремено разговара со Путин во лозје на австриско село во близина на словенечката граница.

Меѓу стотината гости, беа и австрискиот конзервативен премиер Себастијан Курц и неговиот заменик од крајната десница, Хајн-Кристијан Штрахе.

Кнејсл, којашто е експерт за Блискиот исток и е полиглот, како шеф на австриската дипломатија дојде како избор на крајно десната Слободарската партија (FPOe), којашто минатата година влезе во владина коалиција со конзервативците на канцеларот Себастијан Курц. Кнејсл не е член на споменатата партија, но како и партијата има добри односи со Путин.

Поканата за рускиот претседател изненади многумина и во Виена и во Москва, особено поради тоа што се случува во моментите додека уште траат затегнатит односи меѓу Европската унија и Русија. Аналитичарите сметаат дека доаѓањето на венчавката е сигнал за јакнење на врските меѓу Русија и Австрија, иако тие беа, за разлика од остатокот од ЕУ, во најмала коректни и во време на поранешната социјалдемократска влада во Вина.

Австрија, исто така, за разлика од другите европски земји, не протера ниеден руски дипломат откако Велика Британија ја обвини Москва дека наводно стои зад труењето со нервен гас на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во април во јужна Англија.

По венчавката, рускиот претседател Путин отпатува во Германија, каде што во саботата вечерта во владиниот дворец Мезезберг крај Берлин, со канцеларката Ангела Меркел ќе раговара за Сирија, Украина и енергетските прашања.

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.