ВИДЕО: „Путине оплоди ме!“

Анализирајќи го исклучителниот рејтинг на шефот на Кремљ и вештината со која го изгради сопствениот имиџ, експертите потсетуваат на вртоглавата популарност на песните посветени токму на него.

„Таков како Путин, кој не’ остава и кој не пие, таков како Путин сакам јас. Ќе ја искинам облеката за Путин“, ова се дел од зборовите од песната со повик „Путине, оплоди ме“, која е најдобар опис за тоа колку шефот на Кремљ е популарен меѓу женската популација во земјата.

Дека Путин е магнет за жени беше јасно уште во 2011 година, кога се појави календар за следната година со провокативни фотографии на 12 девојки во секси долна облека, кои упатија честитка до Владимир Путин, кој тогаш беше премиер.