ВИДЕО: Радијацијата се шири, Украина на нозе! Гори шумата околу Чернобил

Шумски пожар избувна во близина на некогашната нуклеарна централа во Чернобил, која по хаваријата и големиот пожар во 1986 година е запечатена и изолирана.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека со пожарот се зафатени 400 хектари шума, која се наоѓа околу некогашната нуклеарка.

pozar

Огнената стихија засега се наоѓа на околу 15 километри од централата, но претставник на Чернобил изрази уверување дека пожарот, сепак, не му се заканува на високо контаминираниот енергетски објект, што е конзервиран и обвиен со специјална оловна обвивка за да не зрачи радијација.

pozar1

Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков изјави дека властите се сомневаат оти пожарот можеби е намерно предизвикан и рече дека се воведени екстра мерки за безбедност во целата зона околу централата.

Претставникот на „Гринпис“ на Русија за Радио Москва рекол дека пожарот околу Чернобил е кастрофален и дека може да зафати подрачје од дури 10 илјади хектари.

Вистинската опасност доаѓа од горењето на билките кои имаат впиено радиоактивни честички, предупредува екологот Кристофер Басби.

-Кога се случи катастрофата, дрвјата апсорбирале радиоактивни честички, а оние кои израснале подоцна ги апсорбирале радиактивните честички од загадената земја. Кога такво дрво гори доаѓа исто како да имате нов Чернобил. Радиоактивните честички се ослободуваат и одат во воздухот, а луѓето ги вдишуваат, појаснува Басби.

Управникот на Забранетата зона, Васиљ Золотоверк изјавил дека нивото на зрачење засега е нормално.