ВИДЕО: Ранетиот украински пилот го згрижиле сепаратисти, Украинците го оставиле

Проруските сепаратисти денеска во Славјанск соборија три хеликоптери во кои имало украински војници.

Медиумите јавуваат дека три лица се настрадани, додека еден пилот е заробен.

Објавена е и снимката на која се гледа како сепаратистите се обидуваат да го сместат пилотот во автомобил, но тој е видно повреден и не е во состојба да се движи.

Проруски сепаратист изјавил дека украинските војници го оставиле пилотот, иако можеле да го евакуираат.

Проруските сили ранетиот пилот го префрлиле во болница.