Свет

ВИДЕО: Разбиени дел од барикадите во Киев

ВИДЕО: Разбиени дел од барикадите во Киев

Украинската милиција и специјалната единица „Беркут“ успеале да разбијат барикада на улицата „Грушевски“ во центарот на Киев и со употреба на солзавец ги растерале демонстрантите, објави Итар-Тасс, пренесува Нетпрес.

Кордон од милиционери со штитови почнал да напредува кон толпата демонстранти, кои возвраќале со фрлање на молотови коктели и камења.

Имало многу повредени, а се слушале и истрели од огнено оружје.

Разбивањето на барикадата траело околу 30 минути, по што милицајците почнале да ги приведуваат демонстрантите. За прв пат од отпочнувањето на протестите на опозицијата, украинските власти употребиле и оклопни возила за разбивањето на насобраната толпа.