ВИДЕО: Регистрирана црна дупка на сонцето

Соларната опсерваторија на НАСА сними огромна четвртаста црна дупка на површината на Сонцето, од која избиваат соларни ветрови со големи брзини.

Снимката е направена меѓу 5 и 7 мај во ултарвиолетов спектар.

Астрономите се уште не се сигурни што ја предизвикало црната дупка, но сметаат дека е поврзана со промените во соларниот циклус, кога се менуваат магнетните полови на Сонцето.

Според научниците, недостигот на материјал што останува зад соларните ветрови прави тоа подрачје на Сонцето да изгледа потемно и да изгледа како огромна црна дупка.

Тврдат дека не станува збор за опасен феномен што може да ја загрози Земјата.