ВИДЕО: Реинкарнација на Брус Ли во Авганистан

Авганистанецот по име Абаз Ализада (20) кој многу наликува на кунг-фу легендата Брус Ли, е познат на Фејсбук како „Брус Хазара“ (Bruce Hazara).

Ализада, кој сака да биде шампион во својата земја и холивудска ѕвезда, потекнува од сиромашно семејство со 10 деца кое не можело да му ги плати часовите на тренирање на боречки вештини па поради тоа неговиот инструктор го тренира бесплатно.

Фејсбук-страницата „Брус Хазара“, на која Авганистанецот ги презентира своите вештини од кик боксот и џудото, секојдневно добива десетици илјади приврзаници и поддржувачи. Неговите мајсторства во боречките вештини често се прикажуваат и на телевизиите во повеќе азиски држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.