ВИДЕО: „Рејтинг“ ретерира- објавивме прогноза, не анкета

Агенцијата Рејтинг на Ѓорѓи Спасов ретерира по вчера објавените резултати дека претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е во блага предност во претседателската трка пред актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Во изјава за телевизијата 24 Вести, Ѓорѓи Спасов од агенцијата „Рејтинг“ на прашање на аналитичарот Сашо Клекоски признава дека не станува збор за анкета туку за прогноза на резултати.

Ваквото ретерирање на Спасов доаѓа откако бројни познавачи и аналитичари изразија став дека анкетата на Рејтинг е паушална, елементарно неиздржана или со политички речник кажано дилетантна. Според нив, прашањата ако посебно се анализираат, ќе се види дека се манипулативно насочени, нешто што е елементарно недозволиво за испитување на јавното мислење.

Новинарот Марјан Николовски во колумната „Крајот на една Рејтинг агенција“ објаснува зошто прогнозите на „Рејтинг“ не се базираат врз основа на теренско истражување, туку станува збор за сопствена проценка направена со методологија која не е до крај разјаснета. Николовски вели дека според оваа анкета, излезноста во првиот круг на претседателските избори треба да биде над 83%.

„За сериозна Агенција ваквите податоци, кога ќе го види во анкетата што сама ги направила се аларм дека нешто не е во ред. И кога ќе даде соодветен одговор на овие прашања, ама направени врз издржана анализа, можеме да дебатираме. Но, што всушнот направила Агенцијата Рејтинг? Еве што!. Прво податокот за репрезентативен примерок од 1560 испитаници е неточен, затоа што на секое јавување, на кое анкетарите добиле одговор нема да гласам, не знам, не сакам да одговорам, не ме интересира, тие не ги евидентирале во анкетата, туку ги заменувале со други. И се така додека не добиле одговор. Колку е тој реален примерок? Ич! Нула!. Колку повеќе имрповизирате со нови испитаници, толклу погрешен резултат добивате. Затоа што ако некој се изјаснил дека не е заинтересиран не можете да го избачите од репрезентативниот примерок и да внесете нов. Колку пати се сменети и резултатите додека не го добиете одговорот дека некој ќе гласа за Пендаровски? Одговор имаат анкетарите. Реалниот примерок можеби е и повеќе од 3500 или 5000 испитаници. Или со прост речник, “врти додека не ти каже некој дека ќе гласа за Стево!”“ – напиша Николовски

Тој смета дека вториот податок, кој исто така ниту од далеку има здрав разум според оваа анкета, е пресметката во реални гласови.

„Знаете, анкетите се математика. Не се нити желби, ниту импровизации. Не се политика. Чиста математика и тука нема лажење, нема егзибиции. Процентите го одредуваат приближно бројот на реални гласови, или коефициент, каде што негаде се нарекува. 36,9 –те %, значат дека Пендаровски ќе треба да освои околу 656.592 гласа. Колку оптимистички? Кое е објаснувањето на Рејтинг, како СДСМ, партија која е предлагач на Пендаровски, од најдобриот резултат на Црвенковски во 2011, од поседните шест циклуси од 368. 496 гласови, ќе дојде до 100% зголемување??? Или како од 264.828 гласови, што Љубомир Фрчковски ги освои во 2009, ќе дојдоа до фантастични 391.764 нови гласови? Што е тоа што се случи во Македонија, па 250% порасна рејтингот на опозицијата? Чума? Војна? Елементрани непогоди? Што? Што е тоа, што го прави овој резултат, а Рејтинг не го кажува?,“ пишува Николовски.