ВИДЕО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Вака се случил крвавиот напад во Истанбул!

Бројот на жртвите од трикратниот самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк порасна на 41 лице, додека 239 се повредени, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Во соопштението се наведува дека меѓу загинатите има 13 странски државјани, како и дека 109 од вкупниот број на повредени се пуштени од болница, пренесува агенцијата АФП.

Иако засега никој не директно не презема одговорност за синоќешниот напад, „Доказите упатуваат на ИСИС“, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим по стигнувањето на лице место.

Рускиот портал Лајф њуз објави 3Д реконструкција на нападот.