(ВИДЕО) Репортажа на „Јуроњуз“: Охрид крие неоткриени богатства

Го нарекуваат Балкански бисер, град стар повеќе од 5.000 години. Богат е со историја и беше главен трговски центар на една од најстарите трговски патеки во Европа.

Вака започнува прекрасната репортажа за Охрид, која ја подготви сајтот „Јуроњуз“ (euronews.com).

ohridreportВо репортажата се раскажува за богатата историја која ја има балканскиот Ерусалим, истакнувајќи дека многу богатства кои ги крие Охрид се’ уште не се откриени.

Порано се викал Лихнидос, име кое значи „град на светлината“. Градот во минатото станал центар на Византиската култура и христијанството.

Бил дом на еден од најпознатите учители, како што се Свети Наум и Свети Климент, кои три децении работеле во Охрид, а до ден денес уживаат огромна почит од жителите во градот и целата земја.

Според легендата, 365 цркви и манастири во и околу Охрид, по еден за секој ден од годината. Токму затоа, градот се нарекува балкански Ерусалим и тоа со право, се вели во репортажата.

Како што истакнуваат во нивниот текст за Охрид, следната репортажа ќе ја направат за Матка, кањонот каде што ќе ја истражуваат легендарната пештера.