ВИДЕО: Револуционерен изум за чистење на загаден воздух

zagaden vozduh

Холандски скулптор предлага ексцентрично решение на проблемот со енормното загадување на воздухот во кинескиот главен град Пекинг – седумметарска метална конструкција, која всисува смог и испушта чист воздух, објавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.

Металната кула на Дан Розенгарде создава „балон од чист воздух, кој им овозможува на луѓето да го пробаат бесплатно“. Таа е инсталирана на мала тревната површина во реонот на уметноста во Пекинг.

Се состои од 45 сребрени плочи, слични на отворени ролетни. Во неа има инсталација за прочистување воздух, кој работи постојано. Металната кула успева да улови повеќе од 75 отсто од честичките смог со дијаметар од 2,5 микрони до 10 микрони, да ги преработи и потоа да испушти чист воздух.

zagaden vozduh

zagaden vozduh

Целта на проектот е не само кулата да обезбедува чист воздух, туку и да ги ангажира луѓето и да ги натера да станат дел од решението, а не само да се чувствуваат како дел од проблемот, вели Дан Розенгарде, холандски уметник и креатор на кулата.

zagaden vozduh

zagaden vozduh

Отпадот од прочистување на воздухот, поточно наталожените честички смог, Розенгарде потоа ги компресира и од нив произведува накит, поточно прстени и украсни копчиња за кошули.