ВИДЕО: Резултати од првиот пролетен турнир во Вардар Јуниор лигата

Со одржувањето на првиот турнир во Скопје, вчера и официјално беше означен почетокот на пролетната полусезона во Вардар Јуниор лигата.

На теренот во населбата Јане Сандански се одиграа вкупно 13 натпревари, на кои нашите млади фудбалски надежи постигнаа вкупно 45 голови. Најефикасен меч со дури осум погодоци, беше дуелот помеѓу момчињата родени во 2006 година, од екипите на Форца – Вардар од Скопје и Борец Јуниор – Вардар од Велес, кој заврши со победа на скопскиот тим од 5-3.

Најубедливата победа им припадна на една година повозразнисте дечиња (генерација 2005) повторно од екипата на Форца, кои исто така во дуелот против нивните врсници од велешки Борец, слаевеа со високи 6-0. Шест погодоци имаше и на средбата помеѓу Мал Ајакс од Штип и Еврофудбал од Охрид, во истата возрасна конкуренција, каде што младите штипјанчиња беа подобри со конечни 4-2.

На индивидуален план, најсилен впечаток меѓу многубројните стрелци оставија…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.