ВИДЕО: Резултати од првиот пролетен турнир во Вардар Јуниор лигата

На индивидуален план, најсилен впечаток меѓу многубројните стрелци оставија Филип Трајковски (Ново Лисиче, генерација 2003), Алексеј Славков (Форца, генерација 2005) и Дино Михолов (Мал Ајакс, генерација 2005), кои постигнаа по три гола на нивните натпревари.

На премиерниот пролетен турнир успешно деби имаа и четирите нови екипи Рудар Јуниор од Пробиштип, Борец Јуниор од Велес, Ново Лисиче од Скопје и ФК Прилеп, при што нивните генерации ги впишаа и првите победи во Јуниор лигата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Возбудувањата продолжуваат наредниот викенд во градот под Исарот, каде што домаќин на вториот турнир од пролетната полусезона ќе биде тимот на Мал Ајакс – Вардар, од Штип.

Во продолжение може да ги погледнете комплетните резултати од сите натпревари кои се одиграа во Вардар Јуниор лигата, во текот на вчерашниот ден.

Генерација 2003:

  • ФК Ново Лисиче, Скопје – Еуроспорт, Куманово 3-1 (Стрелци: Трајковски 3 – Ново Лисиче, Илиевски – Еуроспорт)
  • Слога 1934, Виница – Мал Ајакс, Штип 0-2 (Глигоров 2)
  • ФК Вардар – ФК Прилеп 1-0 (Стојановски)
  • ФК Вардар – Еврофудбал, Охрид 2-0 (Јовановски, Петрушевски)

Генерација 2004:

  • Борец Јуниор, Велес – Рудар Јуниор, Пробиштип 1-0 (Митков)

Генерација 2005:

  • Форца, Скопје – Борец Јуниор, Велес 6-0 (Славков 3, Веселинов, Уневски, Никодиновски)
  • ФК Прилеп – ФК Ново Лисиче, Скопје 2-0 (Манчевски 2)
  • Мал Ајакс, Штип – Еврофудбал, Охрид 4-2 (Михолов 3, Пачемски – Мал Ајакс; Симоновски, Димитров – Евродубал)
  • ФК Вардар – Спортефе, Скопје 1-1 (Ристовски – Вардар)
  • ФК Вардар – Борец Јуниор, Велес 4-0 (Пројкоски 2, Ристовски и Цветков)

Генерација 2006:

  • Рудар Јуниор, Пробиштип – Еуроспорт, Куманово 3-0
  • Форца, Скопје – Борец Јуниор, Велес 5-3
  • Ново Лисиче, Скопје – Спортефе, Скопје 3-1