(ВИДЕО) РК Вардар се засилува на пикерската позиција со двометраш

Ракометниот клуб Вардар се чини конечно пронајде замена за пикерот Мијајло Марсениќ, кој по крајот на мината сезона замина во Германија, во тимот на Фуксе Берлин.

Нов пикер на Вардар, кој ќе преставува значајна поддршка за капитенот Стојанче Стоилов и Бразилецот Рожерио Мораеш е рускиот џин Глеб Калараш. Тој би требало да биде од голема помош на вардаровиот тим и во нападот и во одбраната.

Калараш, кој настапува за руската селекција, а во редовите на поранешниот европски шампион доаѓа од редовите на германски Магдебург каде што оваа сезона мина од уракински Мотор Запорожје,  е висок 205 сантиметри.

На Вардар пред стартот на новата сезона потребно му е да пронајде уште еден голман, бидејќи во моментов на таа позиција е само новото засилување Милосављев.