Свет

ВИДЕО: Робот во Фукушима сними необична зелена течност

ВИДЕО: Робот во Фукушима сними необична зелена течност

Откако првиот се расипал, Јапонците во Фукушима испратија втор робот кој во внатрешноста на нуклеарната електрана снимил необична зелена светлост.

Роботот детектирал и ниска стапка на радијација и пониска температура од очекуваната, што значи дека уредите за разладување функционираат, пишува СиЕнЕн.

-Ова е голем чекор напред и можеме да кажеме дека сме добиле важни податоци, рекол шефот на Фукушима, Акира Оно.

Главната задача на роботите во Фукушима е да им пристапат на реакторите оштетени за време на катастрофата. Првиот робот бил испратен на 10. април, но наишол на физичка препрека и останал заглавен.

Надлежните од Фукушима се уште не се сигурни што точно претставува зелената течност која роботот ја снимил.

Катастрофата во Фукушима се случи пред четири години, по силниот земјотрес и цунамито кое следеше. Радијацијата во внатрешноста на три реактори се уште е превисока за престој на луѓе во нивна близина.