ВИДЕО: Роден е без очи, но неверојатно свири на клавир!

Патрик Хјуз е момче кое е родено слепо, но поседува неверојатен талент за музика.

За него неговиот татко вели дека е негов херој. Неверојатната приказна на Патрик е доказ за тоа дека исполнувањето на сите сништа се возможни доколку силно верувате во нив.

Кога се родил Патрик, неговиот татко прво помислил дека целиот свет му е срушен, поради помислата дека животот на неговиот син ќе биде намален за многу активности.

Но како што поминуваше времето, Патрик му покажал на своето семејство и на целиот свет дека неговиот хендикеп нема да го сопре во ништо.

Кога имал само две години научил да свири неколку песни на клавир. Тој тоа го правеше со помош на звуците и сам препознавал кои клавиши треба да ги стисне за да добие одреден звук.

Кога тргнал на факултет, неговиот професор го препознал талентот на ова момче и тој станал дел од оркестарот.

И така Патрик со својот талент и својата упорност докажа дека доколку нешто силно посакувате и верувате во себе, ништо не може да ве сопре.


Amazing Story of a Blind Baby by vireality