ВИДЕО: Русија ги претстави новите ракетни системи Топол – М и Јарс

Руското министерство за одбрана објави видео снимка на која се гледаат ракетните системи Топол – М и Јарс додека ја преминуваат реката на ферибот.

topol_m

Видео-снимката беше објавена на каналот на Јутјуб на министерството, а засега нема никакви детали за оружјето.

Руското Министерство за одбрана, како што наведува агенцијата Спутник, изјавило дека балистичките ракети Јарс и Топол – М ќе бидат основа на копненото нуклеарно оружје на Русија и претставуваат нешто помалку од 80 отсто од стратешкиот ракетен арсенал до 2016.